Од 18 до 19 февруари 2026 година во Студиска посета на Македонски Каритас престојуваше група од Каритас Косово. Групата од Каритас Косово го посети Центарот Мајка Тереза – Гевгелија, при што од страна на персоналот беа детално запознаени со програмата, начинот на работа и секојдневните активности на овој Центар за лица со попреченост. Студиската посета беше одлична можност за размена на искуства и знаења поврзани со работата со лица со попреченост, која и кај двете сестрински Каритас организации е дел од мисијата.





