На ден 18.02.2026 година, од страна на тимот на Македонски Каритас, реализирана беше
теренска посета на евакуираните жители од поплавените подрачја во градот Кичево.
Дополнително тимот ги посети и семејствата во загрозенте подрачја, кои ги санираа штетите
од поплавите во своите домови. За време на посетата беа поделени пакети со храна и облека,
беше обезбедена психо-социјална помош и поддршка за жителите и беа спроведени
индивидуални и групни советувања во однос на остварување на правата од социјална заштита.

