Во неделата на 21 декември 2025 година, Македонски Каритас во дворот на катедралната црква Пресвето Срце Исусово во Скопје, го организираше традиционалниот Божиќен саем.
Божикниот саем е со хуманитарен карактер, беше подржан од неколку парохиски каритаси, амбасади, граѓански здруженија, компании и од голем број верници.
На саемот можеа да се вкусат разни специјалитети, да се купат традиционални божиќни колачи и пригодни подароци за претстојните празници.
Целиот приход е наменет за сиромашни лица, кои се во потреба и на кои Каритас им помага.
Македонски Каритас изразува благодарност до сите кои на било кој начин го дадоа својот придонес во реализацијата на Божиќниот саем 2025.

