Визија и мисија

 

Визија

Македонски Каритас сонува за свет во кој сите луѓе се едно семејство во еден заеднички дом исполнет со мир, љубов, солидарност, социјална еднаквост и грижа кон Созданието.

 

Мисија

Промовираме интегрален развој на човекот и грижа за Созданието, ги зајакнуваме и се застапуваме за најсиромашните, исклучените и за заборавените, и повикуваме на солидарност во остварувањето социјална правда за сите.

  • Интегрален развој: Македонски Каритас, како хуманитарно-добротворна фондација на Католичката Црква, инспирирана од делотворната христијанска љубов, промовира севкупен интегрален развој на човекот и грижа за Созданието како Божји дар.

 

 

  • Глас на солидарноста: Македонски Каритас повикува на солидарност меѓу луѓето, организациите, институциите и религиите во откривањето нови облици на социјална неправда и остварувањето социјална правда за сите.

 

 

 

  • Опција за заборавените: Македонски Каритас работи рака под рака со најсиромашните, исклучените и обесправените, зајакнувајќи ги да си го повратат човековото достоинство како Божја слика и активно да учествуваат во реализација на сопствените човекови права.