Вмрежување

Меѓународна мрежа

Македонски Каритас е полноправен член на европската (Каритас Европа / Caritas Europa), како и на меѓународната мрежа на национални Каритаси (Каритас Интернационалис / Caritas Internationalis). Како член на овие мрежи, организацијата има целосен пристап до искуствата и експертизата на нивните членови, добива поддршка во сопствениот организациски развој и во постигнувањето високи професионални стандарди во својата работа, но и можности за партнерства на регионално и на меѓународно ниво во остварувањето заеднички цели во согласност со учењето за социјална правда, како и со човековите права.

 

 

Национална мрежа

Во остварувањето на своите цели, организацијата се потпира на 15 парохиии, на активноста на парохиските свештеници насочена кон остварувањето на социјална правда за најзагрозените, а во согласност со социјалната наука на Црквата, човековите права и Глобалните развојни цели на Обединетите нации.