Советувалиште за повратници

         Македонски Каритас од јули 2022 започна со имплементација на проeктот “Советувалиште за повратници”. Проектот се фокусира на повратниците во Македонија и нивните семејства кои патувале со нив, а кои ја изгубиле или наскоро ќе ја изгубат основата за легален престој во Германија. Целта е повратниците да се чувствуваат добредојденo и прифатенo, да добијат информации, совети и поддршка како да ги остварат нивните права и кои ресурси им се достапни и полесно да се реинтегрираат во локалната средина на живеење.
Услуги и активности кои ги обезбедува советувалиштето за повратници се следните:
– Советување и нематеријална помош и поддршка во остварување на правата од социјална и
   здравствена заштита;
– Помош при вадење на лична документација;
– Информации поддршка при вклучување во образовни институции;
– Психо-социјална помош и поддршка;
– Контакти/асистенции во институции на повратниците;
– Помош при пополнување формулари, образци и документи;
– Упатување до владини и невладини институции и организации;
– Посета во дом и семејство.