Целта на проектот е да ја подобри животната средина, особено во руралните подрачја, подобрување на квалитетот на водата преку намалување на загадувањето, охрабрување и инклузија на жените за зголемување на нивната застапеност при прочистувањето на водите и одржливоста на зелените политики од страна на локалните самоуправи.
Поттикнување на меѓуопштинска соработка
Преку формирање на конзорциуми и спроведување на обуки, изградба на инфраструктура, чистење на водотеци, вклучување на женски иницијативи, поддршка на политиките и подготовка на планови за намалување на ризикот од природни катастрофи поврзани со климатските промени, обука, менторство за зелено претприемништво и проекти за животна средина.
Проектот е финансиран од Министерството за надворешни и европски работи на Република Словенија и Каритас Словенија, а се спроведува од страна на Македонски Каритас во седум општини во Југоисточниот регион на Македонија во 7 општини: Струмица, Босилово, Ново Село, Валандово, Дојран, Богданци и Гевгелија.
Делување:
– Прочистување на отпадни води и зголемување на отпорност на климатските промени
– Вклучување на жените во процесот на донесување на одлуки
– Спроведување обуки за зголемување на вештините за одржување на чисти води
– Поддршка на жените со грант за зелена бизнис идеја за почисти води
