На 12 февруари 2026 година, добродетелот Јонас Хунолд од Германија го посети Македонски Каритас.
Средбата беше исполнета со искрен дијалог, заемна почит и споделена визија за вредностите што нè поврзуваат. Поддршката и довербата што ни се укажуваат претставуваат поттик да продолжиме да работиме за нашата мисија и заложби.
Веруваме дека ваквите средби не се само протоколарни настани, туку вистинска потврда дека заедничката посветеност создава трајни и значајни резултати.
Во знак на признание за неговите значајни придонеси и несебична поддршка, му беше врачена благодарница како симбол на нашата искрена благодарност и почит.
Со искрена благодарност за посетата и со надеж за нови заеднички успеси во иднина.

