Blog

Градоначалникот на општина Босилово го посети Едукативниот центар Сарај 26 Јан

Градоначалникот на општина Босилово го посети Едукативниот центар Сарај

На 26 јануари 2026 година, Едукативниот центар на Македонски Каритас во населено место Сарај (општина Босилово), беше посетен од страна на градоначалникот на општина Босилово г-дин Ристо Манчев. Добредојде на градоначалникот му посака директорот на Македонски Каритас отец Зоран И. Стојанов, заедно со персоналот, при што подетално го запозна со работата на овој Центар, а воедно му ги претстави и планираните активности на Каритас за периодот што претстои.

Градоначалникот Манчев во таа прилика на децата им подели пакетчиња.

 

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.