Blog

Г-ѓа Вилма Трајковска во посета на Македонски Каритас 19 Дек

Г-ѓа Вилма Трајковска во посета на Македонски Каритас

На 18 декември 2025 година, директорот на Македонски Каритас, о. д-р Зоран И. Стојанов, имаше чест да се сретне со г-ѓа Вилма Траjковска, сопруга на поранешниот претседателот Борис Трајковски.

За време на средбата беа претставени тековните активности на Македонски Каритас, а г-ѓа Траjковска доби благодарница за својата поддршка по повод 35 години од работењето на организацијата. Исто така, средбата беше можност за размена на искуства и идеи за заедничко делување во иднина, со цел уште поефективно да им се помогне на луѓето кои имаат потреба од нашата поддршка.

Заедно продолжуваме да градиме солидарност, хуманост и конкретни акции за доброто на заедницата!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.