Blog

Изјава на Каритас Европа по повод Светскиот ден на бегалците 2023 20 Јун

Изјава на Каритас Европа по повод Светскиот ден на бегалците 2023

Европа мора да го зачува пристапот до заштита

 

На овој Светски ден на бегалците, Каритас Европа повикува на Европа која обезбедува пристап до азил на нејзината територија преку подобрени системи за заштита, прием и интеграција кои ги ставаат правата на луѓето во центарот.

На глобално ниво, близу 110 милиони луѓе живееле присилно раселени во 2022 година поради војна, насилство и конфликти или природни катастрофи. Оваа неверојатна бројка ги вклучува милионите луѓе кои избегале од војната во Украина, и оние кои ја напуштиле Венецуела поради комбинација на политичка, социо-економска и хуманитарна криза, оние кои ја напуштиле Демократска Република Конго или биле внатрешно раселени во земјата поради напади од вооружени групи. Во рамките на ЕУ, Сиријците и Авганистанците остануваат првите две националности што поднеле барање за азил во 2022 година.

Да се бега и да се остави сè зад себе често не е избор, туку единствена опција за сигурна иднина. Затоа, не е изненадувачки што темата на ОН за овогодинешниот Светски ден на бегалците е „Надеж далеку од дома“.

Но, за да се стигне до безбедно место честопати е потребно да се тргне на опасно патување – повеќе од 1.000 луѓе веќе загинале во 2023 година во Средоземното Море. Пречките произлегуваат од недостаток на безбедни и редовни патишта, како што се преселби и хуманитарни визи, до широко распространетото одбивање и насилство врз луѓето кои се обидуваат да ги преминат границите, во контекст на зголемените негативни ставови кон бегалците.

Каритас Европа ги повикува европските влади да го зачуваат пристапот до нивната територија и правото на азил. За жал, тековната реформа на системот за азил на ЕУ има за цел да го спречи овој пристап, да ги задржи луѓето на кои им е потребна заштита во пограничните земји додека се обработуваат нивните барања за заштита и да се спроведе нивно брзо враќање. Загрижени сме дека тоа ќе доведе до широко распространето притворање и пренатрупани кампови на надворешната граница на ЕУ, како што видовме во минатото со недостоинствените услови за прием на избеглици на грчките острови, како случајот со Морија.

Европските влади мора да ги почитуваат нивните одговорности според меѓународното право за бегалци со тоа што ќе обезбедат ефикасни процедури за азил и достоинствени услови за прием. Очекуваме, исто така, да ветат амбициозен број места за преселување на лица – клучна алатка за спасување животи со преселба на бегалци во земја каде што ќе добијат долгорочна заштита – и потоа соодветно ќе се спроведат обврските.

„Ги повикуваме европските лидери да го зачуваат пристапот до азил во Европа и да ги пратат во историја насилството и насилните одбивања. Зајакнатиот систем за азил и прием мора да обезбеди соодветна заштита и поддршка на сите луѓе на кои им е потребна заштита. Инвестирањето во општества кои посакуват добредојде е клучно за да се изгради „Надеж далеку од дома“ и да им се овозможи на бегалците да живеат во нивниот нов дом.

Марија Ниман

Генерален секретар на Каритас Европа

Постигнувањето во земја во која може да се побара азил е само прв чекор на долго патување пред да може целосно да учествува и да придонесе на општеството на земјата домаќин. Како што веќе идентификувавме во нашиот брифинг документ, активирањето на Директивата за привремена заштита за бегалците од Украина е пример за силна политичка волја да се пречекаат луѓето во ЕУ. Сега е време да се надгради оваа солидарност и да се применат добрите практики за да се обезбеди не само достоинствено добредојде, туку и соодветна заштита и пристап до основните права и услуги за сите луѓе на кои им е потребна заштита, без оглед на нивната земја на потекло.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.