Компанијата Salience Consulting донираше едукативни материјали и училишен прибор за Едукативните центри на Македонски Каритас, од кои едниот се наоѓа во општина Шуто Оризари, Скопје, а другиот во населено место Сарај, општина Босилово. Во овие Едукативни центри децата од социјално загрозени семејства добиваат добиваат едукативна поддршка во нивниот образовен процес. Во име на тимот на компанијата Salience Consulting донацијата ја предаде г-ца Јоана Чуковска, којашто и го посети Едукативниот Центар во општина Шуто Оризари при што се сретна со децата и персоналот. Македонски Каритас искажува искрена благодарност за донацијата.![]()
![]()
![]()

