Blog

Македонски Каритас го презентираше проектот за климатска отпорност во Дојран 12 Мар

Македонски Каритас го презентираше проектот за климатска отпорност во Дојран

Македонски Каритас го презентираше проектот за климатска отпорност во Дојран

На 11 март 2026 година, претставници на Македонски Каритас одржаа работна средба во просториите на Општина Дојран, на која го презентираа проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Словенија и Словенски Каритас.

На средбата во Општина Дојран присуствуваше градоначалникот Илија Тентов, заедно со општинскиот тим.

Во текот на разговорите, претставниците на Македонски Каритас ги претставија планираните активности и можностите што ги нуди проектот за локалните заедници, со фокус на меѓуопштинската соработка и на мерките за намалување на ризиците од климатски екстреми, кои сè почесто ги погодуваат општините. Посебно внимание беше посветено на вклучувањето на жените и на поддршката на локални зелени иницијативи, како дел од поширокиот пристап за јакнење на отпорноста на заедниците.

На средбата беше истакната подготвеноста за понатамошна координација и партнерска соработка во рамки на проектот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.