Blog

Оглас за вработување на социјален работник

Фондацијата Македонски Каритас објавува оглас за ангажирање на Социјален работник, на определено време од 9 месеци (до крај на 2026) во рамките на проектот “Советувалиште за повратници”.

Работни задачи:

  • Воспоставување прв социјален контакт и комуникација со семејствата кои се идентификувани како повратници од Германија.
  • Идентификување на социјалните ризици, потреби, интересите и потенцијали на семејството за успешна, притоа придржувајќи се до процедурите и политиките за заштита на корисниците на услугите на организацијата.
  • Изготвување на социјална анамнеза/досие за семејството, прибирање основни информации за корисниците.
  • Иницирање постапки за остварување на правата на корисниците од областа на социјалната и здравствена заштита, вклучување во деца во систем на образование и сл.
  • Извршување на теренска работа, придружна социјална работа и асистенција на корисниците до институциите.
  • Стручна советодавна работа (индивидуална и групна социјална работа) во контекст на социјална превенција и успешна реинтеграција на повратниците.
  • Соработка со граѓански организации и државни институции.
  • Подготовка на наративни извештаи.
  • Координација со менаџерскиот тим и поднесување на месечни извештаи за работата.

Образование и компетенции:

  • Завршено високо образование (Социјална работа и политика).
  • Најмалку една година професионално работно искуство.
  • Познавања на закони, политики и програми поврзани со социјалната заштита, како и политиките насочени кон реинтеграција на повратници.
  • Познавање на работа со компјутер и солидно познавање на англиски јазик. Познавањето на германски јазик се смета како предност.
  • Вештини за ефективна комуникација, личен интегритет, одговорност, градење на конструктивни односи, тимска работа, посветеност, доследност, доверливост, емоционална контрола, слобода од предрасуди, справување со стресни ситуации.
  • Возачка дозвола (Б категорија).
  • За предност ќе се смета: повеќегодишно работно искуство на полето на социјалната работа, особено со ранливи категории на граѓани, посебно Роми.

Потребни документи:

  • Кратка биографија
  • Мотивациско писмо
  • Потврда за завршено образование
  • Препораки од претходни работни места (се смета за предност)

Плата за работниот ангажман по договор. Работното време е 20 часа неделно (пола работно време).

Документите може да се достават на следната електронска адреса: [email protected]   Телефон за контакт: 02/3224190

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.