Blog

Остварена средба со директорот на ООУ Герас Цунев – Просениково 13 Фев

Остварена средба со директорот на ООУ Герас Цунев – Просениково

На 12 февруари 2026 година, о. Ванчо Назов, локален координатор и Спасе Спасов, координатор на Македонски Каритас, остварија средба со г-дин Ванчо Манолев, директор на ООУ „Герас Цунев“ – Просениково. Во срдечна и пријатна атмосфера, беа споделени и разменети искуства поврзани со образованието и едукацијата на учениците, кои го посетуваат Едукативниот центар на Македонски Каритас во населено место Сарај – општина Босилово, а се ученици во училиштето во населено место Просениково. Исто така, на директорот на училиштето му беа претставени планираните активности на Едукативниот центар. Од страна на соговорниците за време на средбата беше истакната желбата и спремноста за продлабочување на соработката помеѓу училиштето и Македонски Каритас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.