Blog

Претставници на Македонски Каритас го запознаа градоначалникот Петар Јанков со проектот за климатска отпорност во Општина Струмица 16 Мар

Претставници на Македонски Каритас го запознаа градоначалникот Петар Јанков со проектот за климатска отпорност во Општина Струмица

Претставници на Македонски Каритас го запознаа градоначалникот Петар Јанков со проектот за климатска отпорност во Општина Струмица
Во просториите на Општина Струмица, на 13 март 2026 година, претставници на Македонски Каритас одржаа работна средба со градоначалникот Петар Јанков и неговиот соработник Никола Николов, на која беше претставен проектот „Вклучување на жените во подобрувањето на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“.
На средбата беа изложени главните цели и планираните активности на проектот, како и можностите што тој ги отвора за локалните заедници. Посебно внимание беше посветено на унапредувањето на меѓуопштинската соработка, зајакнувањето на локалните капацитети за справување со климатските предизвици и поддршката на иницијативи што придонесуваат за одржлив развој.
Акцент беше ставен и на важноста од активното учество на жените во подобрувањето на услугите поврзани со водата и санитацијата, како и на нивната улога во локалните зелени иницијативи и решенија што придонесуваат за поголема отпорност на заедницата.
На крајот од средбата беше изразена подготвеност за натамошна соработка и заедничко спроведување на проектните активности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.