Проектот ,,Take Care’’ ги опфаќа круцијалните социјални проблеми и предизвици на најпогодените жители на државата, главно ромското население и социјално загрозените лица. Преку проектот се обезбедуваат интегрирани услуги за крајните корисници кои се социјално ислучени поради пандемијата од Ковид 19.
Целни групи на проектот се најранливите категории како социо/економски маргинализирани групи (сиромашни, бездомници, жени, девојки и деца) и заедници посебно Ромите во Скопје, Тетово, Готивар и Јегуновце. Активностите од проектот се насочени директно да им помогнат на крајните корисници со цел намалување на ефектите и последиците од кризата со Ковид 19.
Главни активности во проектот се: обезбедување на психо-социјална поддршка, стручна советодавна работа во областа на социјалната заштита, асистенција при остварување на социјални трансфери, правна помош, здравствена грижа и асистенција на корисниците. Исто така, проектот опфаќа активности кои ги таргетираат бездомните лица и лицата од ризик од бездомиштво, при што за нив се обезбедува привремено домување. Во рамките на проектот функционира и едукативен центар на Фондација Македонски Каритас во општина Шуто Оризари, каде се обезбедува едукативни активности за деца кои потекнуваат од семејства во висок социјален ризик. Дополнително се реализираат работилници од едукативен, информативен и рекреативен карактер во контекст на подобрување на животните вештини на крајните корисници.
“Грижи се” – e регионален проект кој се имплементира во Македонија, Босна и Херцеговина, Србија и Албанија. Проектот е подржан од меѓународната програма на Сојузното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачите на Република Австрија. Во Македонија проектот го спроведува Фондација Македонски Kаритас, во партнерство со НВО Љубезност – Скопје и НВО Сонце – Тетово во периодот од 2021 – 2023 година.