ELBA – Итни работи на Балканот

 

Со овој регионален проект Каритас Италија, првично поддржан од Бискупската конференција на Италија, го започна процесот на развивање социјални програми за најсиромашните погодени од економската криза.

Проектот вклучува 8 земји во регионот: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора,  Грција, Косово, Македонија и Србија.

Проектот ЕЛБА (Итни работи на Балканот) има за цел да обезбеди иновативни методи за справување со економската криза во Југоисточна Европа, како и да послужи како средство за развој на Црквата и на локалното население во рамките на истата.

Како главна идеја не е да се подржат луѓето во традиционалната смисла, преку давање на добра и хуманитарна помош, туку тие да се трансформират на начин кој би значел развој на заедниците и на ранливите групи на луѓе. Преку подобрување на капацитетите и вештините на луѓето може да им овозможиме да бидат независни и одговорни самите за себе и за она што ги опкружува.

 

Главни цели на проектот Елба се:

  • Социјална инклузија: справување со економската криза во Југоисточна Европа и проблемот со сиромаштијата преку систематски и одржливи решенија.
  • Социјална економија: зголемување на знаењето на социјалната економија и процесите на социјалните иновации во Југоисточна Европа.
  • Социјални иновации: развој на соодветен екосистем во Југоисточна Европа за развој на социјалната економија која ќе може да понуди инклузивни решенија за луѓето во потреба.
  • Социјални претпријатија: зајакнување на одржливоста на социјалните претпријатија основани или подржани од организацијата на Каритас во Југоисточна Европа.

 

 

Во рамките на проектот се спроведуваат следните активности:

  • Онлајн состаноци на управувачката група ELBA на редовна основа.
  • Учество на регионални состаноци на локалните координатори.
  • Работилница за изработка на проекти.
  • Промоција за социјална економија (млади).
  • Пратење на постоечките претпријатија/ проекти.
  • Анкетирање на постоечките претпријатија за последиците од Ковид 19.
  • Изработка на рекламен и информативен материјал за социјалната економија.
  • Промоција по пат на медиуми.
  • Средби и размена на искуства со партнерите (државен и невладин сектор).
  • Превод на енцикликата „Лаудато Си“.

 

 

Имплементацијата на проектот се одвиваше во 4 фази: Првата од 2015 до 2017, втората од 2017 до 2019, третата од 2019 до крајот на 2020 и четвртата која е во тек од 01.01. 2021 до 31.12.2022.