Миграциите по Балканската рута имаат преземено нумеричко значење во 2015 година. Од потпишувањето на договорот помеѓу Европската Унија и Турција во март 2016 година, границите се многу повеќе затворени, предизвикувајќи многу луѓе да бидат заглавени во земјите по рутата со сите психосоцијални тешкотии кои ги носат (анксиозност, депресија, нетретирани хронични заболувања, деца надвор од училишниот систем итн.).
И покрај граничните засилувања и неможноста за патување, мигрантите и бегалците не престанaа да пристигнуваат во овие земји. Повеќето од нив доаѓаат од Сирија и Авганистан.
Во овој контекст, земјите од трасата се имаат здружено за да работат на заеднички проект што ќе им овозможи да имаат поголемо и подобро влијание во регионот, a во соработка со Каритас Италијана и Каритас Шпанија почнаа да ја градат Источната Гранична Миграциска Мрежа (REMAP). Процесот кој е во тек има за цел да ги зајакне капацитетите и вмрежувањето на Националните Каритаси додека даваат поддршка на проектот за помош на мигрантите во секоја од земјите.
Секоја од нив ги дизајнираа своите предлози со идеја за преминување од хуманитарна акција во поодржлива стратегија.
Од друга страна, во оваа нова фаза на работа, REMAP дизајнираше стратегија за заеднички тренинг, кој овозможува подобрување на услугите за најобесправените.
Maкедонски Каритас е вклучен во работата со мигрантите на самите почетоци на Мигрантската криза во 2015-тата година. Тој беше присутен во двата транзитни центри, на јужната граница кон Грција, Винојуг; и на северната граница кон Србија, Табановце, низ кои секојдневно минуваа и по неколку илјади мигранти. Притоа на миграните им се делеше директна помош преку прехрамбени и хигиенски пакети, облека, топол оброк, во тесна соработка со Црвениот Крст на Македонија. Секогаш со отворени раце делејќи им помош, но и со отворено срце за разговор и зборови на утеха и охрабрување.
Во рамките на РЕМАП, Македонски Каритас е сеуште присутен во Транзитниот центар Табановце, на северната граница кон Србија, каде што на мигрантите кои поминуваат низ нашата земја, или се задржуваат во неа, секојдневно им се дели доручек, а периодично и пакети со хигиена.
Централна активност на РЕМАП е работата со барателите на азил во Ј.У. Центар за баратели на азил во Визбегово, во Скопје. каде Македонски Каритас спроведува активности за исполнување на слободното време на корисниците на установата, но и нивна ресоцијализација, стекнување на нови вештини и способности, воспоставување на меѓусебни контакти со месното население; преку спроведување на креативни уметнички работилници, работилница за одгледување на зеленчук и овојше, различни културни настани и екскурзии.
Нивниот престој во Центарот за баратели на азил е само привремен (три до шест месеци), затоа што нивна крајна цел се земјите од Западна Европа, но сепак со овие активности се започнуваат важните процеси на ресоцијализација и воспоставување на контакти со новата средина во која се дојдени, процес што ги очекува и во земјите кои се нивна целна дестинација.
Времетраењето на проектот е две години (2021-2023).