Blog

Тимот на Советувалиште за повратници во теренска посета на семејства во Шуто Оризари 23 Мар

Тимот на Советувалиште за повратници во теренска посета на семејства во Шуто Оризари

Проектот Советувалиште за повратници на Македонски Каритас се спроведува во соработка со Каритас Србија и е насочени кон поддршка на повратници и нивна одржлива реинтеграција, со посебен фокус на олеснување на пристапот до социјални и здравствени услуги преку советување и помош при обезбедување лична документација.

Проектот е дел од поширока иницијатива за одржлива реинтеграција која опфаќа економска, психосоцијална и институционална поддршка за ранливи категории и повратници.

Активностите се реализираат во рамки на меѓународни програми за реинтеграција претставени на платформата reintegration.net.

Проектот е поддржан од меѓународни партнери Micado Migration и Министерството за деца, млади, семејство, еднаквост, бегалци и интеграција на покраината Северна Рајна-Вестфалија, кое обезбедува поддршка за спроведување на мерки за одржлива социјална и економска интеграција на повратниците.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.