Што работиме

 

Македонски Каритас помага во обезбедувањето услуги на полето на социјалното приспособување, образованието, интеграцијата на работното место, професионалното советување во областа на социјалната заштита и исто така директна помош во итни ситуации.
Работиме и соработуваме со локални и меѓународни партнери, како и со локални власти, општини и владини институции со цел да ги поддржиме сиромашните и маргинализираните луѓе.
Опсегот на работа на Македонски Каритас вклучува различни проекти, програми и иницијативи, како и хуманитарна помош (основни прехранбени и непрехранбени производи, медицински материјали). Нашите активности се насочени кон поддршка и развој на социјални услуги за ранливи категории и области како што се: стари лица, Роми, бегалци, мигранти, лица со посебни потреби, повратници, младинска работа, здравство, развој на граѓанското општество и социјалната економија. Меѓу неговите активности се и проекти за помош при обезбедување на лична документација, придружба на корисници во институции, лобирање за нив, психо-социјална поддршка, професионално советување, упатување за исполнување на нивните основни права.
Националната канцеларија на Македонски Каритас се наоѓа во Скопје, а има и претставници на Каритас во парохиите во повеќе делови на земјата. Располагаме и со два образовни центри кои обезбедуваат едукативни активности и го поддржуваат образовниот процес за децата и младите кои се соочуваат со екстремна сиромаштија, еден центар е лоциран во најголемата ромска општина во Шуто Оризари во Скопје и другиот е во селото Сарај во источниот дел во Северна Македонија.

 

 

 

Раце кои пружат надеж

Грижи се

Едукативен центар Сарај

ELBA – Итни работи на Балканот

Remap – Регионален проект за мигранти

Советувалиште за повртаници