Blog

Јавен повик за учество на тренинг за претприемништво за млади 11 Ное

Јавен повик за учество на тренинг за претприемништво за млади

Македонски Каритас во рамки на проектот Your Job II објавува јавен повик за учество на конкурс за финансирање и започнување на приватен бизнис или социјално претпријатие.

Учество на тренингот е предуслов за конкурирање за неповратни средства за започнување на сопствен  бизнис. Во текот на тренингот, од 20 – 25 млади луѓе, на возраст од 18 до 35 години, ќе имаат можност да развијат вештини и да стекнат нови знаења за пишување бизнис план, започнување и водење сопствен бизнис.

Посебно вниманието ќе биде насочено кон концептите на социјално претприемништво и развој на „зелени бизниси“.

Тренингот (bootcamp) ќе се одржи од 16, 17 и 18 декември, 2024 година.

Можност за учество ќе имаат млади од Општина Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Општина Гевгелија и Општина Богданци. Од сите пријавени кандидати, до 25 лица ќе имаат можност за учество на тренингот.  Пријавата за учество е следниов линк: ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО

Рок за пријавување: 02 декември, 2024 година, до 16:00 часот.

Целта на Your Job проектот е интеграција на младите од 15 – 35 години на пазарот на труд, преку развивање професионални вештини и создавање деловни можности.

Донатори на проектот се Реновабис Германија и Каритас Австрија.

Проектот се имплементира во шест општини: Струмица, Василево, Босилово, Ново Село, Гевгелија и Богданци.

За дополнителни информации обратете се во канцеларијата на Македонски Каритас, ул. Младинска бр. 113 Струмица, емаил: [email protected] и [email protected] Тел. броеви 072 221 763 и 072 221 733

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.