Blog

35 години Каритас во Македонија (5. декември 1990 – 5. декември 2025) 05 Дек

35 години Каритас во Македонија (5. декември 1990 – 5. декември 2025)

Денес 5. декември 2025 одбележавме јубилеј – 35 години од основањето на Македонски Каритас, организација која три и пол децении со посветеност ја носи мисијата на помош, солидарност и човечност кон сиромашните, маргинализираните и сите на кои подадената рака им значи надеж. Едноставно, скромно и достоинствено 35 години хуманост, љубов и служба кон најранливите!

Свеченоста се одржа во Католичката катедрала „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.

Свои поздравни говори имаа: Н.В.П. Монс. д-р Киро Стојанов, претседател на Македонски Каритас и Протопрезбитер д-р Зоран И. Стојанов, директор на Македонски Каритас.

Тие ја нагласија континуираната служба во љубовта кон човекот и посветеноста што Каритас ја гради со години во Македонија.

На настанат присуствуваа: Претседателката на РМ проф. д-р Гордана Силјановска Давкова,  директорката на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи г-ѓа Оливера Трајковска, сопругите на поранешните претседатели на Македонија.

Присуствуваа амбасадори и дипломатски претставници од амбасадите на Австрија, Италија, Украина, Унгарија, Хрватска, Словенија, Катар и др. Градоначалници, директори на институции, долгогодишни соработници, донатори, компании и организации кои ја подржуваат мисијата на Каритас.

Во знак на благодарност за континуираната поддршка, претседателот на Македонски Каритас, монс. Киро Стојанов додели благодарници на поддржувачи, соработници и пријатели кои години наназад помагаат на хуманитарно поле.

Настанот заврши со заеднички коктел и пријатна дружба, во атмосфера исполнета со благодарност, поддршка и желба за продолжување на мисијата на добрината.

Каритас е благодарен на секој поддржувач и секој кој верува во силата на хуманоста.

Заедно продолжуваме да градиме надеж, солидарност и достојно утре за сите!

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.