Со овој регионален проект Каритас Италија, првично поддржан од Бискупската конференција на Италија, го започна процесот на развивање социјални програми за најсиромашните погодени од економската криза.
Проектот вклучува 8 земји во регионот: Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Грција, Косово, Македонија и Србија.
Проектот ЕЛБА (Итни работи на Балканот) има за цел да обезбеди иновативни методи за справување со економската криза во Југоисточна Европа, како и да послужи како средство за развој на Црквата и на локалното население во рамките на истата.
Како главна идеја не е да се подржат луѓето во традиционалната смисла, преку давање на добра и хуманитарна помош, туку тие да се трансформират на начин кој би значел развој на заедниците и на ранливите групи на луѓе. Преку подобрување на капацитетите и вештините на луѓето може да им овозможиме да бидат независни и одговорни самите за себе и за она што ги опкружува.
Главни цели на проектот Елба се:
- Социјална инклузија: справување со економската криза во Југоисточна Европа и проблемот со сиромаштијата преку систематски и одржливи решенија.
- Социјална економија: зголемување на знаењето на социјалната економија и процесите на социјалните иновации во Југоисточна Европа.
- Социјални иновации: развој на соодветен екосистем во Југоисточна Европа за развој на социјалната економија која ќе може да понуди инклузивни решенија за луѓето во потреба.
- Социјални претпријатија: зајакнување на одржливоста на социјалните претпријатија основани или подржани од организацијата на Каритас во Југоисточна Европа.
Во рамките на проектот се спроведуваат следните активности:
- Онлајн состаноци на управувачката група ELBA на редовна основа.
- Учество на регионални состаноци на локалните координатори.
- Работилница за изработка на проекти.
- Промоција за социјална економија (млади).
- Пратење на постоечките претпријатија/ проекти.
- Анкетирање на постоечките претпријатија за последиците од Ковид 19.
- Изработка на рекламен и информативен материјал за социјалната економија.
- Промоција по пат на медиуми.
- Средби и размена на искуства со партнерите (државен и невладин сектор).
- Превод на енцикликата „Лаудато Си“.
Имплементацијата на проектот се одвиваше во 4 фази: Првата од 2015 до 2017, втората од 2017 до 2019, третата од 2019 до крајот на 2020 и четвртата која е во тек од 01.01. 2021 до 31.12.2022.