Blog

Македонски Каритас и Општина Валандово потпишаа меморандум за соработка 31 Мар

Македонски Каритас и Општина Валандово потпишаа меморандум за соработка

Македонски Каритас и Општина Валандово потпишаа меморандум за соработка

Директорот на Македонски Каритас, о. д-р Зоран Стојанов, и градоначалникот на Општина Валандово, Ѓоко Камчев, во вторник, на 31 март 2026 година, во просториите на Општина Валандово, потпишаа меморандум за соработка во рамки на проектот „Вклучување на жените во подобрувањето на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“, финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија и Словенски Каритас.

На потпишувањето присуствуваа претставници на Македонски Каритас и на Општина Валандово, кои ја истакнаа важноста на меѓусебната соработка за успешно спроведување на активностите од заеднички интерес.

Со потпишувањето на меморандумот, Општина Валандово стана шеста општина од Југоисточниот регион што официјално се приклучи кон проектот, потврдувајќи ја својата подготвеност за активно учество во иницијативи насочени кон заштитата на животната средина, подобрувањето на пристапот до чиста вода и санитација, како и кон унапредувањето на квалитетот на животот во локалната заедница.

Проектот „Вклучување на жените во подобрувањето на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“, што го спроведува Македонски Каритас, опфаќа седум општини од Југоисточниот регион. Досега меморандум за соработка потпишаа општините Богданци, Босилово, Валандово, Дојран, Ново Село и Струмица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.