На 17 јуни 2024 година, Парохиски Каритас – Сарај, заедно со вработените во Едукативниот Центар на Македонски Каритас – Сарај (општина Босилово) спроведоа акција за делење на облека на децата кои го посетуваат центарот. Сите деца добија убав подарок за успешното завршување на школската година.
Тимот на Македонски Каритас од Сарај изразува искрена благодарност до Сестрите Евхаристинки и верниците од Гевгелија за нивната донација во облека.