Кон главната содржина

Blog

Повик за учество на студиска посета во рамки на проектот CORDIAL 02 Мар

Повик за учество на студиска посета во рамки на проектот CORDIAL

Во рамки на проектот CORDIAL – Создавање Можности Регионално за Акции и Законодавство за Инклузија на Лица со Попреченост, ве покануваме да аплицирате за учество на студиска посета во: Белград, Србија 20–23 април 2026 година.

Проектот е координиран од Каритас Србија, со партнерите од регионот: Каритас БиХ, Каритас Косово, Македонски Каритас, Каритас Црна Гора, Унија на организации на лица со попреченост на БиХ, Центар за младински активизам КРИК, Форум младих са инвалидитетом (YDF)  и поддршка од Caritas Italiana.

Тема на студиската посета: Правото на работа и вработување на лица со попреченост во Србија, со посебен фокус на лица со ментална попреченост

Оваа студиска посета е намена за практично учење, размена на знаења и градење регионална соработка во областа на инклузивното вработување. Обезбедувањето еднаков пристап до пазарот на труд за лицата со попреченост претставува клучен аспект на социјалната инклузија, заштитата на човековите права и одржливиот економски развој.

Студиската посета ќе овозможи учесниците да стекнат сеопфатно разбирање за актуелната состојба во областа на вработувањето на лица со попреченост во Србија, преку:

  • Средби со јавни институции надлежни за политики и мерки за вработување
  • Посети на работодавачи и социјални претпријатија
  • Запознавање со организации на лица со попреченост
  • Презентација на модели за поддржано вработување и професионална рехабилитација
  • Примери на инклузивно вработување на заштитениот и отворениот пазар на труд

(Детална агенда и програма ќе биде споделена со избраните ученсици)

Кој може да аплицира?

Апликацијата е отворена за:

  • Претставници на граѓански организации
  • Активисти и волонтери кои работат за правата на лица со попреченост
  • Претставници на организации на лица со попреченост
  • Професионалци во областа на социјална инклузија
  • Други заинтересирани лица кои работат или студираат релевантни теми

 

Пријава за учество

За да се пријавите за студиската посета, пополнете го следниот формулар:

Пријавете се на следниот линк:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfC8JzWGQ0JkIMXhObcLf2aBvmk9VtRnc-3k9tAkagG-9tQwQ/viewform?pli=1

Рок на пријавуавње: До 5 март 2026 до 14:00h.

Ве охрабруваме да аплицирате и да бидете дел од оваа важна иницијатива за инклузија и социјална промена!