Blog

Алистаир Дуттон избран за нов Генерален секретар на Каритас Интернационалис 16 Мај

Алистаир Дуттон избран за нов Генерален секретар на Каритас Интернационалис

На 15 мај 2023 година, на 22. Генерално собрание на Каритас Интернационалис, г-дин Алистаир Дуттон, извршен директор на Каритас Шкотска, беше избран за Генерален секретар на Каритас Интернационалис. Тој ќе ја води Каритас Конфедерацијата, која што вклучува 162 национални Каритас организации, до 2027 година. Неговиот избор доаѓа два дена после изборот на надбискупот на Токио, монс. Тарцисио Исао Кикучи, како нов Претседател на хуманитарната и развојна рака на Католичката Црква.

Моменталниот извршен директор на SCIAF (Каритас Шкотска), г-дин Дутон, има повеќе од 25 години работно искуство на хуманитарно поле и има водено проекти во повеќе од 70 земји. Од 2009 до 2014 година, работеше како Хуманитарен директор на Каритас Интернационалис.

„Да се служи на Каритас во последните три децении беше голема привилегија за мене. Каритас беше мој дом, мое семејство и мој повик“, рече новоизбраниот Генерален секретар на делегатите на Генералното собрание на Каритас Интернационалис. „Ветувам дека ќе слушам понизно, ќе реагирам промислено и ќе градам мостови“, истакна г-дин Дутон. Ветувам дека ќе ја користам моќта на свикување на Генералниот секретар како би можеле заедно да ја водиме конфедерацијата напред“

Г-дин Дуттон во 1996 година има прв пат работено со Каритас. „Од тогаш моето патување со Каритас ме има водено низ цел свет. Од војната на Косово, Дарфур, Ирак, Либија и Сирија; до цунамијата во Азија, земјотресите во Хаити, Индија, Индонезија и Чиле; конфликтите настанати од алчност и искористување на богатствата во Африка; брановите на раселување на Блискиот исток; и разорувањата предизвикани од климатските вонредни услови и екстремни временски прилики: циклоните и поплавите во Пакистан, Мјанмар, Индија и Бангладеш; кризата со храна во толку многу земји во Африка од Сахел до Сомалија, од Судан до Зимбабве; и застрашувачката реалност  на острови држави на Пацификот кои тонат“, рече тој.

Во 2014 година г-дин Дуттон исто така беше извршен директор на Сфера проектот, интернационално тело за хуманитарни стандарди. Од 2005 до 2009 година беше исто така водител на Хуманитарната програма за Африка за Христијанска Помош.

За нова Потпретседателка на Каритас Интернационалис е избрана г-ѓа Кирсти Робертсон, извршна директорка на Каритас Австралија.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.