На 4 април 2023 година, во посета на Македонски Каритас беше Н.Е. г-дин Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија заедно со членови од неговиот тим, како и г-дин Душко Христов, претседател на организацијата Банка за храна Македонија.
Добредојде на амбасадорот Гир му искажа Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, претседател на Македонски Каритас, при што заедно со директорот о. Зоран И. Стојанов и координаторот Спасе Спасов, му ја претставија работата на Македонски Каритас и посветеноста кон пружање помош на најсиромашната категорија на граѓани. За време на посетата амбасадорот Гир имаше можност подетално да се запознае со сите проектни активности и програми на национално ниво кои што ги реализира Македонски Каритас.
Воедно за време на средбата, со претставниците од организацијата Банка за храна Македонија, беше разговарано и за вклучување на Македонски Каритас во работната група за донесување на новиот Закон за донирање на вишок храна, кој ќе биде од особена важност за најсиромашните и најранливите.
Европската Унија во Македонија е поддржувач на разни проектни иницијативни и програми, притоа изразен е взаемен интерес за соработка и можности за поддршка.
Амбасадорот Дејвид Гир при посетата донираше пакети со храна кои се наменети за корисниците на помош на Македонски Каритас.
На крајот од средбата Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, на амбасадорот Гир му искажа благодарност за донацијата во храна и особениот интерес да се запознае со работата на оваа хуманитарна институција на Католичката црква во Македонија.