Blog

Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Малта во Македонија во посета на Едукативниот центар на Македонски Каритас во Сарај 23 Ное

Амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Малта во Македонија во посета на Едукативниот центар на Македонски Каритас во Сарај

На 17 ноември 2023 година, Едукативниот Центар на Македонски Каритас во Сарај (општина Босилово) беше посетен од страна на амбасадорот на Суверениот Воен Ред на Малта во Македонија, Н.Е. г-дин Франческо Саверио Џусти. Тој за време на посетата беше придружуван од страна на отец Гоце Костов, директор на Радио Марија, а срдечно добредојде му посака месниот парох и координатор на Македонски Каритас во Сарај, отец Ванчо Назов. За време на пријатниот разговор амбасадорот беше запознаен со историјатот на парохијата Свети Димитриј, како и со работата на Едукативниот Центар – Сарај.

Од страна на амбасадорот г-дин Џусти беше искажана радоста што за првпат ја посетува парохијата Свети Димитриј и Едукативниот Центар – Сарај. Тој воедно ја истакна желбата за идна соработка со самиот центар.

На крајот на средбата отец Ванчо Назов на амбасадорот му подари и пригодна иконка на Свети Димитриј, изработена од децата кои го посетуваат Едукативниот центар, во знак на сеќавање на оваа пријатна пријателска средба.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.