На 23 ноември 2023 година, Апостолскиот нунциј во Македонија, Н.Е. монс. Лучијано Суријани во придружба на Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, епарх струмичко – скопски и Претседател на Македонски Каритас, го посети Едукативниот Центар на Македонски Каритас во Сарај (општина Босилово).
За време на срдечната средба монс. Суријани, од страна на локалниот координатор на Македонски Каритас, отец Ванчо Назов, беше запознаен со работата на Едукативниот Центар, како и за предизвиците со кои се соочуваат вработените во центарот при пружењето на помош на оние кои се во најголема потреба – децата и сиромашните семејства.