Во просториите на Македонски Каритас директорот Отец Зоран И. Стојанов ја прими г-ѓа Барбара Садовски, основачка и копретседателка на Фондацијата Барка, невладина организација која делува во Полска. Организацијата Барка има за цел социјален развој на маргинализираните групи, давајќи им шанса да ги обноват своите животи преку креирање програма за взаемна помош, едукација и развој на претприемништвото во граѓанското општество. На средбата Отец Зоран сподели искуства со госпоѓа Садовски за активностите на Македонски Каритас, на полето на социјалните проекти. Средбата помина во топла и пријатна атмосфера, со меѓусебна подршка за соработка на поле на социјалната дејност во иднина.