Blog

Бискупот Стојанов го прими г-дин Харалд Фугер, претставник на Сојузното Министерство на Република Австрија  за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите 03 Фев

Бискупот Стојанов го прими г-дин Харалд Фугер, претставник на Сојузното Министерство на Република Австрија за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите

На 3 февруари 2023 година Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, Претседател на Македонски Каритас, оствари средба со г-дин Харалд Фугер, аташе, претставник на Сојузното Министерство на Република Австрија за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите. На средбата присуствуваа и директорот на Македонски Каритас Отец Зоран И. Стојанов и координаторот г-дин Спасе Спасов.
Бискупот Стојанов искажа благодарност на г-дин Фугер и до Сојузното Министерство од Австрија, за подршката која што се дава на Македонски Каритас. Бискупот, се осврна на сето она што оваа хуманитарна установа на Католичката црква во Македонија го прави за луѓето во потреба.
Меѓу другото од соговорниците беше истакната одличната соработка, како и желбата соработката да продолжи и во иднина, имајќи ги во фокусот социјално загрозените лица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.