Blog

Бискупот Стојанов ја прими во работна посета Мариа Ниман, Генерална секретарка на Каритас Европа 18 Јул

Бискупот Стојанов ја прими во работна посета Мариа Ниман, Генерална секретарка на Каритас Европа

На 18 јули 2023 година во епархискиот ординаријат во Скопје, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко – скопски епарх, Претседател на Македонски Каритас, ја прими Генералната секретарка на Каритас Европа г-ѓа Мариа Ниман, која престојува во работна посета на Македонски Каритас, придружувана од г-дин Алесандро Кадорин, претставник на Италијански Каритас.
Во мошне пријатната и срдечна атмосфера, бискупот Стојанов, во име на Македонски Каритас, а и како пастир на оваа месна Црква, искажа задоволство од соработката и благодарност до Каритас Европа, како и до Италијански Каритас, за долгогодишната подршка на Македонски Каритас на разни полиња. Меѓу другото бискупот Стојанов се осврна и на актуелните проектни активности кои се спроведуваат, како и на предизвиците со кои се соочува Македонски Каритас.
Генералната секретарка г-ѓа Ниман, се заблагодари за гостопримството и покажа особен интерес за сè она што Македонски Каритас го прави за луѓето во потреба. Меѓу другото стана збор и за понатамошната подршка од страна на Каритас Европа, во чија мрежа членуваат 49 национални Каритас организации од цела Европа, меѓу кои е и Македонски Каритас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.