На 15 декември 2024 се одржи традиционалниот Божиќен саем (базар) организиран од Македонски Каритас во дворот на Катедралата „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје.
Слоганот (мотото) на овогодинешниот саем е: „Покажи хуманост на дело – а за Божиќ срце полно ќе е цело“.
Македонски Каритас изразува благодарност на секој поединец, амбасада, здружение, кои со своја изработка на различни специјалитети, рачни изработки на украси или на друг начин го зголемија овогодишниот Божикен саем.
Саемот со своето присуство го удостоија скопскиот бискуп и струмичко-скопски епарх монсињор Киро Стојанов, амбасадори и представници на повеќе здруженија.
Собраните средства ќе бидат наменети за лицата во потреба кои се корисници на Македонски Каритас.