Директорот на Македонски Каритас протојереј ставрофор о. Зоран И. Стојанов, учествува на 22. Генерално собрание на Каритас Интернационалис, кое се одржува во Рим од 11 до 16 мај, на тема „Градење нови патишта на братство“, вдахновена од енцикликата „Fratelli tutti“ на папата Фрањо.
Генерално собрание на Каритас Интернационалис ќе се одржи во Рим од 11 до 16 мај 2023 година, на кое ќе присуствуваат околу 400 делегати кои претставуваат 162 организации на Каритас кои работат во 200 земји и територии ширум светот. Генералното собрание на Каритас Интернационалис се одржува на секои четири години, каде што се избираат и претседател, генерален секретар, благајник, Извршен совет и Претставнички совет на Конфедерацијата. За време на Генералното собрание во 2023 година – чија тема е „Градење нови патишта на братство“, вдахновена од енцикликата „Fratelli Tutti“ на папата Фрањо – лидерите ќе бидат избрани да ја водат Конфедерацијата Каритас во следните четири години, до 2027 година.
Размислување за помош на ранливите и сиромашните
За време на повеќедневните сесии, делегатите на Каритас ќе размислуваат и за тоа како организациите на Каритас можат поефикасно да работат заедно за да им служат на најсиромашните и најранливите во светот погодени од повеќе кризи: од војната во Украина до глобалната пандемија на болеста Ковид-19, на нескротливите последици од климатските промени кои можат да ја променат безбедноста на храната во светот.
Аудиенција кај Светиот Отец и други настани
Генералното собрание ќе започне во четврток на 11 мај со приватна аудиенција кај Светиот Отец. Во петок, на 12 мај, ќе се одржи трибина на тема „Светските глобални предизвици и улогата на Каритас“, со говори на надбискупот. Архиепископот Пол Ричард Галагер, секретар за односи со држави и меѓународни организации на Светиот Престол, амбасадорот Габриел Ферер и де Лома-Осорио, претседател на Комитетот за светска безбедност на храната и претставници на Каритас од Гана, Мјанмар и Ирска. Во наредните денови ќе се одржат и други тематски панели кои ќе се фокусираат на три клучни теми за Конфедерацијата: синодалност, регионализација и братска соработка. Сесиите ќе вклучуваат говори на претставници на Каритас од целиот свет и надворешни гости говорници, меѓу кои и кардиналот Марио Греч, генералниот секретар на Епископската синода и сестрата Алесандра Смерили, секретарка во ватиканската Дикастерија за промовирање на целосен човечки развој.
Ватикан њуз / katolici.mk