Социјалната превенција и индивидуалниот пристап со корисникот се клучни во намалување и сузбивање на социјалните ризици на кои се изложени ранливите категории. Детално информирање, советодавна работа и асистенција на корисниците при остварување на правата од областа на социјалната заштита се дел од активностите во рамките на проектот “Грижи се” кои ги спроведува Македонски Каритас, поврзувајќи ги лицата во социјален ризик со институциите.