Blog

Директорот на Македонски Каритас о. д-р Зоран Стојанов оствари средба со претставник на Сојузното Министерство на Република Австрија  за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите 04 Окт

Директорот на Македонски Каритас о. д-р Зоран Стојанов оствари средба со претставник на Сојузното Министерство на Република Австрија за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите

На 04.10.2022 година, директорот на Македонски Каритас о. д-р Зоран Стојанов, заедно со координаторот Спасе Спасов, оствари средба со г-дин Харалд Фугер, аташе, претставник на Сојузното Министерство на Република Австрија  за социјални работи, здравство, нега и заштита на потрошувачите.

За време на средбата, меѓу другото се разговараше за активностите на Македонски Каритас, како и за имплементацијата на проектот „Грижи се“, тековните проектни активности, имплементацијата на поедините проектни компоненти, како и за предизвиците, при што од двете страни беше истакната добрата соработка и координација.

Во име на Македонски Каритас, директорот о. Зоран, изрази голема благодарност за подршката од страна на г-динот Фугер, за неговиот интерес и за неговите заложби за помош на луѓето во потреба. Меѓу другото директорот Стојанов ја нагласи подготвеноста на Македонски Каритас за продолжување и продлабочување на соработката.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.