Blog

Директорот на Хрватски Каритас во посета на Македонски Каритас 29 Дек

Директорот на Хрватски Каритас во посета на Македонски Каритас

На 29 декември 2023 година, Македонски Каритас беше посетен од страна на отец Томислав Главник ОФМКонв., директор на Хрватски Каритас, кому добредојде му искажа о. Зоран И. Стојанов, директор.

Во една мошне срдечна и пријатна атмосфера отец Зоран му ја претстави на отец Томислав работата на Македонски Каритас, проектните активности, како и предизвиците при исполнувањето на мисијата на Каритас. Исто така отец Зоран искажа голема благодарност во име на Македонски Каритас, за подршката од сестринскиот Хратски Каритас.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.