Blog

Директорот Стојанов оствари средба со претставници на Диаконија Баден – Германија 30 Мај

Директорот Стојанов оствари средба со претставници на Диаконија Баден – Германија

На 27 мај 2025 година, директорот на Македонски Каритас о. Зоран И. Стојанов, во просториите на Македонски Каритас оствари средба со претставници на Диаконија Баден од Германија.

За време на средбата стана збор за активностите кои Македонски Каритас ги имплементира на хуманитарно поле, а воедно директорот Стојанов искажа благодарност до претставниците на Диаконија Баден за нивната посета, како и за воспоставената соработка во рамките на проектот АМИФ, при што ја нагласи и спремноста на Македонски Каритас за продлабочување на истата.

Претставниците на Диаконија Баден – Германија имаа можност да го посетат и Едукативниот центар на Македонски Каритас во општина Шуто Оризари, при што од страна на координаторот Спасе Спасов беа подетално информирани за историјата и работата на овој Едукативен центар на Македонски Каритас.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.