На 29 јули 2024 година, Фондацијата ИЦЕ БЕГОВ донираше CNC машина на Македонски Каритас, за потребите на Центар Мајка Тереза Гевгелија, која ќе служи за изработка на сувенири. Во име на Македонски Каритас донацијата ја прими о. Зоран И. Стојанов, кој воедно се заблагодари на директорката на Фондација Ице Бегов, г-ѓа Елена Бегова, за оваа вредна донација, која ќе биде од голема корист за корисниците на услуги кои ги дава Центар Мајка Тереза. Од име на Фондација Ице Бегов, г-ѓа Бегова искажа благодарност на Македонски Каритас, за се она што го прави за лицата со посебни потреби, особено преку Центар Мајка Тереза Гевгелија. Директорот Стојанов ја искажа отвореноста и спремноста на Македонски Каритас за понатамошна соработка за доброто на лицата со посебни потреби.