На 23 септември 2025 година, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, воедно и претседател на Македонски Каритас, придружуван од протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, декан, ректор на светилишето во Паљурци и директор на Македонски Каритас и парохот во Куманово дон Томаш Бак, во просториите на општината оствари средба со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски.
На средбата присуствуваше и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, г-ѓа Оливера Трајковска, придружувана од нејзината соработничка Соња Чресловник.
На средбата се разговараше за актуелни прашања од взаемен интерес, при што епископот Стојанов се заблагодари за приемот и соработката со општина Куманово, поддршката која ја давав на католичката заедница, а беа истакнати и нивните активностите.
Градоначалникот Димитриевски од своја страна потенцираше дека Општина Куманово секогаш ќе биде поддржувач на сите верски заедници, во знак на мултиетничко и мултиверско општество, кое се стреми кон промоција на соживот, толеранција и мир
Потоа бискупот Стојанов со своите соработници и директорката на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи, г-ѓа Оливера Трајковска направија обиколка на градежните работи на идната католичка црква во Куманово.
katolici.mk