Blog

Есенска академија на Каритас Европа 15 Ное

Есенска академија на Каритас Европа

Од 7 до 10 ноември 2022 година во Софија (Бугарија) се одржа Есенска академија во организација на Каритас Европа, на која учество зедоа 45 учесници од 25 национални Каритас организации ширум Европа.

Академијата ја отвори г-дин Марк Сомерс од  Каритас Европа, по што следеше поздравно обраќање од страна на монс. Румен Станев, претстедател на Каритас Бугарија.

Академијата се состоеше од три работни групи, односно група за застапување, заштита на персонал и корисници и организациски равој. Од страна на Македонски Каритас учество зеде координаторот Спасе Спасов, во делот на организацискиот развој. На крајот од академијата беа доделени сертификати на учесниците.

Македонски Каритас е полноправен член на мрежата на Каритас Европа, во која членуваат 49 национални Каритас организации.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.