На 24 ноември 2023 година, во просториите на Македонски Kаритас, се одржа Завршна конференција во рамките на Регионалниот проект за мигранти – РЕМАП.
Македонски Kаритас проектот Ремап го имплементира во периодот од 2021-2023 година, при што главниот фокус на проектните активности се однесуваа на рана интеграција на барателите на азил. Настанот го отвори директорот на Македонски Каритас о. д-р. Зоран И. Стојанов, а исто така панелисти беа г-дин Владимир Бислимовски – директор на ЈУ прифатен центар за баратели на азил, г-дин Зоран Дранговски од Здружението на млади правници, и г-дин Димо Попчев – фотограф, психолог и соработник за Македонски Каритас.
На завршната конференција се презентираа резултатите, постигнувањата на проектот Ремап, како и планирање на понатамошната работа во областа на миграциите.
На настанот имаше присутни претставници и соработници на Македонски Каритас од граѓанскиот сектор и државните институции, односно Црвен крст, Отворена Порта-Ла страда, УНХЦР, Центарот за управување со кризи, како и соработници и подржувачи на активностите на Македонски Каритас.