По повод 108. Светски ден на мигранти и бегалци, кој се обележуваше на 25 септември 2022, Македонски каритас, во своите простории организираше заедничка вечера со барателите на азил при Ј.У. Прифатен центар за баратели на азил – Визбегово. Традиционалната индиска вечера беше подготвена од самите баратели на азил и истата беше можност за заедничко дружење, подлабоко запознавање, размена и надминување на културните и кулинарските разлики.