Blog

Заедничка молитва за Генералното собрание на Каритас Интернационалис 05 Мај

Заедничка молитва за Генералното собрание на Каритас Интернационалис

На 5 мај 2023 година, точно напладне, персоналот на Македонски Каритас се одзва на повикот на Каритас Интернационалис и се приклучи на молитвената иницијатива за целата Конфедерација како и за претстојното Генерално собрание, кое ќе се одржи од 11 до 16 мај во Рим. Персоналот на Каритас, преку застапништвото на Пресвета Богородица, како и на тројцата заштитници на Каритас св. Мајка Тереза, св. Мартин де Порес и св. Оскар Ромеро,  молеше за сите каритативни организации ширум светот, особено за оние луѓе кои живеат во војна или ситуации кога недостасува она што е суштинско за достоинствен живот.

Каритас Интернационалис порачува, дека како Христијанска црковна организација, покрај сите стратегии, планови и иницијативи, се потпира на благодатта на семоќниот Бог, која дава делотворност на нашите напори за хуманизирање на светот преку општествено дејствување.

„Молитвата е кислород за сите членови на Телото Христово, таа е невидливата сила што ја одржува мисијата“ (папа Франциск).

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.