Blog

Иницијален настан на проектот Cordial – Инклузија без граници 03 Јун

Иницијален настан на проектот Cordial – Инклузија без граници

На 02 јуни 2025 година, во Europe House Скопје, се одржа иницијалниот настан на проектот „Cordial: Инклузија без граници“.

Настанот го отвори бендот Леон, основан од окупациониот терапевт Стојан Андонов, од Центар за младински активизам КРИК заедно со нивните корисници.

По музичкиот перформанс, отец Зоран Стојанов, Директор на Македонски Каритас, и Ирена Иванова, Претставник на Делегацијата на Европската Унија, имаа кратки обраќања за важноста од партнерството меѓу институциите и граѓанските организации за унапредување на инклузивни политики.

Следеше панел-дискусија на тема „Вклученост на граѓански организации во процесот на градење политики со цел социјална и економска инклузија на лица со попреченост“.

Панелисти беа: Фатмир Сабриу, Државен секретар при Министерство за социјална политика, демографија и млади; Хамза Амети, директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје; Тања Мишовска Стојковска, раководител на Одделението за лица со пречки во менталниот или телесниот развој, Центар за социјална работа Скопје; Далиборка Златева, претставник на Мрежата на приватни даватели на социјални услуги; и Мила Карадафова Ангеловска, извршен директор на Центар за младински активизам КРИК.

За крај, Томислав Микулец ги презентираше идните активности и наредните чекори од проектот Cordial, по што официјалниот дел заврши со коктел и неформално дружење, каде сите присутни имаа можност за размена на контакти и воспоставување нови соработки.

Проектот Cordial е финансиран од Европската Унија и се спроведува во партнерство со Caritas Srbije, Caritas Bosne i Hercegovine, Caritas Kosova, Македонски Каритас, Caritas Crne Gore, The Union of Organizations of Persons with Disabilities of BiH, Center for Youth Activism КРИК, Forum mladih sa invaliditetom – Youth with Disabilities Forum и Caritas Italiana

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.