На 14 ноември 2023 година, во просториите на Македонски Каритас, беше одржан иницијален состанок поврзано со започнувањето на проектот „Грижи се II“, кој се имплементира од страна на Македонски Каритас, во партнерство со Асоцијација за Демократски развој на Ромите СОНЦЕ – Тетово и Здружение на граѓани за помош на бездомници, социјално загрозени семејства и поединци ЉУБЕЗНОСТ – Скопје. Овој проект е продолжение на проектот “Грижи се” кој се имплементираше во изминатите две години.
Проектот „Грижи се II“ опфаќа интегриран пристап при помош и поддршка на социјално ранливите категории граѓани во регионот на Скопје, Тетово и Гостивар. Временската рамка на спроведување на проектните активности е 18 месеци, почнувајќи од 1 ноември 2023 година.
Воведниот состанокот беше реализиран од страна на претставници од Каритас Австрија и Каритас Србија, кои заедно со координаторите и тимовите од трите партнерски организации дискутираа за планираните почетни активности, споделување на искуства од претходно научени лекции и предизвици при реализација на проекните активности.
Активностите во рамките на проектот “Грижи се II” се поддржани од Меѓународната програма на Сојузното министерство за социјални работи, здравство, грижа и заштита на потрошувачи на Република Австрија, во соработка со Каритас Австрија.