Blog

Македонски Каритас во Општина Гевгелија го претстави проектот за водни услуги и климатска отпорност 11 Мар

Македонски Каритас во Општина Гевгелија го претстави проектот за водни услуги и климатска отпорност

Проектот, поддржан од Министерството за надворешни работи на Словенија и Словенски Каритас, предвидува опрема и обуки за општинскиот кадар, размена на искуства со партнери од Словенија и поддршка на женски зелени иницијативи.

На 10 март 2026 година, во Општина Гевгелија се одржа работна средба на која претставници на Македонски Каритас го презентираа проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“.

Од страна на Македонски Каритас на состанокот учествуваа Томислав Микулец, Александар Младеновски, Верица Ангеловска, Филип Стојанов и отец Гоце Костов, а Општина Гевгелија ја претставуваа Катерина Ашикова Ризова и Петар Јанчев. На средбата беше посочено дека проектот е поддржан од Министерството за надворешни работи на Словенија и Словенски Каритас, со цел да се зајакнат локалните капацитети за справување со климатските ризици, особено во делот на водните ресурси, санитацијата и превенцијата од поплави и други климатски појави.

Во рамки на разговорите беа претставени планираните активности, меѓу кои се предвидува набавка на опрема за интервенции, како и обуки за општинскиот кадар. Дел од програмата е и размена на искуства со партнери од Словенија, со цел пренесување практични решенија за подобро управување со природните ресурси и намалување на ризиците.

Посебен акцент во проектот е ставен на вклучувањето на жените и локалната заедница преку поддршка на зелени иницијативи, како и јавни кампањи за подигање на свеста за заштита на животната средина и одговорно управување со водата.

Од двете страни беше изразена подготвеност за понатамошна соработка.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.