На 5 март 2025 година, Н.В.П. монс. д-р Киро Стојанов, претседател на Македонски Каритас, по повод 80 години постоење на Црвен Крст, прими Јубилејна плакета во име на Македонски Каритас. Монс. Стојанов искажа благодарност до г-дин Саит Саити, генерален секретар на Црвениот Крст за укажаната чест до Каритас, како хуманитарна институција на Католичката црква во Македонија.